речник контакт

Автомобил излетал од патот, возачот со тешка телесна повреда

Увид извршила увидна екипа од СВР Велес, по што ќе се знаат причините за излетувањето на автомобилот

Петар Печков

Сообраќајка неделата претпладне, автомобил излетал од коловоз, возачот поминал со тешки теелсни повреди. Деталите од информацијата на велешката полиција и велешката болница.

„На 31.05.2026 во СВР Велес било пријавено дека во 08:25 часот на регионален пат Велес- Градско во близина на мост Виничани, патничко возило „лада“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(65 год) од Скопје, излетало надвор од коловозот“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес.

На повредениот му била дадена прва здравствена помош од службата за  итна помош и бил и транспортиран Ургентен центар од велешка болница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес. 

„Примен е пацинет, кај кого по извршените снимања, констатирана е отворена скршеница и поради караткеристиката на повредата е пренесен на клиниките во Скопје“ – информира д-р Анамарија Џунџева, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес

Увид извршила увидна екипа од СВР Велес, по што ќе се знаат причините за сообраќајката. 

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »