речник контакт

Автомобил излета кај пошта, тројца повредени

Возачот бил задржан на лекување

Петар Печков

Ноќеска автомобил излета и  удри во бетонски столб, тројца повредени, еден задржан во болница. Ова е а накратко епилогот  од сообраќајка  која  се  случи  во близина  на зградата на Пошта.

Нешто пред 3 часот, на  улица 8-ми септемвир број 7.  ноќеска автомобил опел  крос,а со велешки регистарски таблички, излетал од улица  и  удрил  во бетонски столб. Со автомобилот управувал Д.А. (21  год) од  Велес а во  него имало и две девојки сопатнички.  Сите тројца со возило на ИМП биле пренесени  во хируршкото одделение на Општа  Болница. Двете девојки по пружената  помош биле пуштени дома, додека  возачот е  задржан  на  лекување. Кај нив се констатирани  телесни повреди  – соопштија  од МВР:

Увидот на сообраќајната  полиција  ќе даде одговор за причината  зошто автомобилот излетал до  патот. За силината на ударот  зборува и оштетениот столб и дел од тротоарот  каде удрил  автомобилот. Среќна околност е што немало автомобил кој доаѓал од спротивна насока или пак паркирано со што штета ќе претрпеле и други лица и возила.   

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »