речник контакт

Автомобил излета од пат, слета во двориште

Тројцата во автомобилот имале среќа, се неповредени

Петар Печков

Утрово околу 3,30 часот на улицата   Вардарска се случи сообраќајна незгода со среќен епилог.  Според СВР  Велес  автомобил марка ,,   ситроен Ц-3 ,, управувано од Б.С.  излетал од патот и паднал во дворот на ЈП МЖ инфраструктура. При незгодата нема повредени, тројцата патници  иако   паднале од неколку метри висина во дворот, минале без повреди. Од ударот ураната е оградата која е дел од надвозникот кај Градскиот базен.

Автомобилот има оштетувања и е направена материјална штета. Среќна околност е што автомобилот не излетал неколку метри   потоа, затоа што таму е веќе базенот и височината е многу поголема. Причината за излетувањето е неприлагоденост со   условите и знаците на патот.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »