речник контакт

Автомобил излета од пат враќајки се од езеро, тројца повредени

Велешките полицајци уапсиле прилепчанец осуден а за убиство во Прилеп, кој подолго време живеел во Велес

Петар Печков


Вторникот попладне околу 16ч. автомобил излетал од патот, при што тројцата патници се повредени.  Колата доаѓала од правец на езеро Младост, кон Велес. Велешката полиција го потврди настанот.
  
Сообраќајна незгода е случена на патот кон езерото „Младост“, каде автомобил марка  „Пежо“ со рег. бр. VE 410-BE излегло од патот и удрило во бетонската ограда на мостот. При тоа,  повредени  се  возачот П.Т.(57) и сопатниците В.К.(64) и Б.С.(72) кои се пренесени и задржани на лекување во Општа Болница  во Велес – информираа од СВР Велес.

Велешката  полиција пред десетина дена уапсила лице , кое со години се барало за одлежување казна затвор за убиство.  Прилепчанецот  Благојче К. за убиство на сограѓанин, бил уапсен во дом, каде подолго време  живеел во Велес.  
                                  
На ден 29.05.2017 год. околу 18.30 часот врз основа на судска наредба приведено е лицето Б.К.(35) бидејки има правосилна судска одлука за издржување на затворска казна – информираа од  СВР Велес.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »