речник контакт

Автомобил на годината во Македонија на Кia Sorento за 2017

Во 22-от избор за престижното признание конкурираа седум финалисти: Citroen C3, Kia Sportage, Peugeot 3008, Renault Megane, Seat Ateca, Suzuki Baleno и Toyota CH-R. Дури 4 од 7-те финалисти се SUV или кросовер автомобили

Петар Печков

Киа Моторс Македонија, освои уште една, трета, титула, во традиционалниот избор за Автомобил на годината во Македонија, а признанието беше доделено на пригодна свеченост во хотелот Парк во Скопје.

Во досегашното постоење на Изборот, а постои веќе 22 години, Киа се закити со три признанија, првата титула со моделот „Сид“, втората со „Рио“ и третава со четвртата генерација на СУВ моделот „Спортејџ“.

Инаку, во 22-от избор за престижното признание конкурираа седум финалисти: Citroen C3, Kia Sportage, Peugeot 3008, Renault Megane, Seat Ateca, Suzuki Baleno и Toyota CH-R. Дури 4 од 7-те финалисти се SUV или кросовер автомобили.

Сите рамноправно учествуваа во трката за престижното признание,па Жирито имаше навистина тешка задача. Но, согласно критериумите, каде одлучуваа нијанси Kia Sportage до титулата стаса со освоени три гласа, а еден доби втората генерација на Citroen C3.

Годинава право да гласаат имаа и финалистите кои можеа да гласаат за еден кандидат, освен за сопствениот модел. Победникот од нивното гласање се здоби со еден глас, рамноправен со гласот на челен од Жирито.

Најмногу гласови од финалистите освои Suzuki Baleno, за кого гласаа четири финалисти, за Toyota CH-R двајца и еден глас доби Peugeot 3008.

Жирито донесе едногласна одлука на Suzuki Baleno да му се додели специјално признание „Избор на финалистите“, што од претседателот на жирито, на свеченоста, му беше предадено на Љубе Нешовски.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »