речник контакт

Автомобил со српски туристи се превртел на автопат

На враќање од одмор од Грција автомобилот се превртел близу Велес

Петар Печков

Српски туристи, жители на  Суботица, на враќање од одмор, од Грција,  излетале на приодот  во Велес, од правец на Градско. Две лица се пожалиле на повреда, жена се здобила со повреда на рака а шестгодишната ќерка минала со полесни повреди. 

Саботата попладне  на   29 јуни  околу 18.45 часот  на автопатот Градско - Скопје на 500 м. од исклучокот за Штип СО Велес случена е сообраќајна незгода во која патнички автомобил марка „Тојота Авенсис“  со српски регистарски ознаки управувано од А.М.(45) од Суботица - Р.Србија се превртело на коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил еден од сопатниците кој по укажаната лекарска помош во ЈЗУ Болница Велес е пуштен на домашно лекување - информираа од СВР Велес. 

Извршен е увид на местото на настанот по што ќе се знаат причините за несреќата. 

Од велешката Болница информираа дека кај нив се донесени две лица, шест годишно девојче кое се жалело на болки, но по извршените претраги не се констатирани повреди. Кај нејзината мајка   М.Љ. (36 год) повреда на десен  лакот по што била ставена во лонгета и двете се пуштени на домашно лекување. 

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »