речник контакт

Автомобил удри во кабина од наплатна Сопот

Двајца потешко повредени

Петар Печков

Во вторникот попладнето, на  напалатна  рампа Сопот, на автопатот Скопје -Велес, се случила сообраќајка, во која има две лица потешко повредени.

Сообраќајката се  случила во 16,15 часот, кога автомобил ,,фиат браво,, со  велешки регистарски таблички, удрил директно во  бетонот пред куќарката од наплатната  рампа.

Автомобилот бил управуван од жител на село Горно Оризари  на возраст од 52 години.   Со него  бил соселанец на  50 годишна возраст.  Од ударот тие се здобиле со тешки  телесни  повреди, повеќекратни  скршеници и биле  пренесени со  возила  на Брза  помош  во велешката Болница.

 Едниот од нив, поради сериозноста, бројни скршеници, веднаш бил префрлен во Ургентен во Скопје, додека вториот е задржан во Велес.  На лице место увид извршила увидна екипа, чија истрага ќе треба да одговори како дошло до сообраќајката, возачот да дури во бетонската ограда и кабината од наплатната рампа. 

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »