речник контакт

Автопортрети, изложба на младите авторки Манчева и Темелкова во Велес

Тие пред јавноста се претставија со свои дела 50-тина слики и десетина скулптури

Петар Печков

   Во ликовниот салон во Велес беше отворена изложба на дела од младите академски сликарки Сања Темелкова од Велес и Симона Манчева од Кавадарци. Тие пред јавноста  се претставија со свои дела 50-тина слики и десетина скулптури. Темата на  изложбата е автопортрет, преку која тие ги искажуваат нивните чувства, поимањето на моментот, на животот, што и како размислуваат. Тие преку овие нивни дела истражуваат во уметноста.

Сања Темелкова е родена во Велес 1987-та година. Во 2012 година дипломира на Академијата за ликовни уметности Бераво во Милано отсек декорација а ги привршува постдипломските студии, катедра за скулптура. Нејзиниот уметнички интерес вклучува рециклирана уметност, керамика, дизајн од сребро и бронза. Во нејзините дела се прикажува себе си, сопствените  емоции, чувства, расположение. 

Симона Манчева е  родена 1989 во Кавадарци,  во 2011 дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на Антони Мазневски, 2013 завршува магистерски студии оддел сликарство во класата на Жанета Вангели.  Нејзините уметнички интереси вклучуваат слики, серии слики, цртежи, објекти, уметнички книги, колажи и фотографии на различни теми (женски актови, дрва, книги, фигури, објекти) и обид да се претстави една идеја во повеќе различни стилови, техники, а со тоа и од повеќе различни аспекти.

Отворањето на изложбата беше проследено со настап на младиот пијанист Александар Манев.

АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »