речник контакт

Авторски низ појавното, по шести пат (фото)

Меѓу учесниците има ликовни и драмски уметници, книжевници, музичари, теоретичари,блогери, теолози, филозофи...

Петар Печков

Во Ликовниот  салон во Велес беше отворена изложбата ,,Авторски низ појавното,, на група млади уметници.   Тие нивните дела ги создаваа минатата година во селото Вишни, струшко а прв пат се претставени пред македонската јавност во Велес. Ова е шесто издание на ,,Авторски низ појавното,, која се одржува од 2004-тата и е манифестација која е биенална.

Инсталации од различни автори, пораки пишани на перници, други на рачно изработени селски платна, чувства спакувани во тегли,  отпечатени дневници од  дружењето  во Вишни. Ова се дел од претставените дела, создадени пред е дна година во струшко Вишни. 

Колективната уметничка пракса ,,Авторско низ појавното,, создаде група на автори до различни уметнички правци и области, кои создаваат низ заедничко живеење во природа. Идејата е да се живее во изолација и да се содава при основи услови на живот, да се престојува во природа. Од учесниците не се бара, не се задолжени да продуцираат дела, туку е партиципативен  проект. Настанот е се документира низ видео и аудио форми -  рече организаторот Марија Џунова.

Меѓу учесниците има ликовни и драмски  уметници, книжевници, музичари, теоретичари,блогери, теолози,  филозофи...

Учесници на изложбата ,Авторски низ појавното,, 6 се ликовните уметници Снежана Алтипармак, Арион Асллани, Весна Дунимаглоска, Инес Ефремова, Ѓорѓи Крстески, Љубомир  Милошески, Марјан Стојаноски, Марија Џунова, Станко Павлески,  музичарите Сашо Паркет, Христиан Петковиќ, Пеце Клечкароски,  Благојче Стојчевски,  поетот Митко Гогов, писателот Ненад Јолдески  и драмскиот актер Елена Мошеска. Изложбата ќе биде поставена и во други македонски градови. 

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »