речник контакт

Академската година започна ама не и за студенти на Скопскиот Универзитет во Велес

За дипсерзираните програми на Машинскиот и Земјоделскиот факултет во Велес нема интерес, а за Економскиот нема простор

Петар Печков

Студентите од Битолскиот Универзитет со настава во Велес ја започна аакадемската 2012/13 година. Технолошко -техничкиот факулет и Техничкиот факултет ги примија новите студенти. Со настава продолжуваат и судиите по туризам, осигурување, хотелско-ресторантска  насока, гастрономија,исхрана и диететика од повисоките години, бидејќи упис за прва година нема.

Студените од  дисперзираните паралелки во Велес по сметководство и ревизија на Економскиот факултет од Скопје, ќе започне на 01.10.2012,  бидејќи засега нема простор па тие ќе студираат по обезбедувањето на сите услови за редовна настава, .

Во рамките на ФАКУЛТЕТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА од Скопје  во Велес   беше предвидено да има две дисперзирани  студии по преработка на земјоделски производи - модул енологија и дисперзирани студии по преработка на земјоделски производи – модул лозарство  но во двата уписни рока ниту еден студент се нема пријавено на овие програми.

Иста е судбината и на Дисперзирани студии  на Машинскиот факултет по индустриско инженерство и менаџмент каде е предвидено да студираат  сто студенти, од кои 60 се редовни од државна квота и по 20 кофинансирање и 20 вонредни. Според бројките за слободни места,  во двата претходни уписа нема примено ниту еден студент.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »