речник контакт

Актерот Васил Зафирчев е креативен и уметнички директор на проектот Калиопи на Евровизија

Тој и Калиопи беа претходно во брак но се разијдоа, а нивната професионална врска и натаму продолжува.

Петар Печков

Актерот Васил Зафирчев  е креативен  и уметнички  директор на  проектот Калиопи на Евровизија, ова го потврдија и двајцата уметници.  Тој претходно истата функција ја имаше изминатите години и во Калиопи  Мјузик продукција ( КПМ). Зафирчев ќе помага во презентацијата на македонската песна за  Евросонг кој  во мај ќе се одржи во Баку - Азербејџан

Мојата обврска е осмислување на целиот проект и координација на сите соработници во него. Немав дилема  да ја прифатам оваа обврска, бидејќи таа е исклучително важна за земјава. Ќе понудиме  квалитетен и добар  производ, кој ќе ги исполнува стандардите на Калиопи и ќе значи достојна презентација на Македонија на Евровизија – рече Зафирчев.  Тој и Калиопи беа претходно во брак но се разијдоа, а нивната професионална врска и натаму продолжува.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »