речник контакт

Актерот Зафирчев со гимназијалците го одбележа Светскиот ден на театарот 27 март

Тој им ги пренесе меѓународната порака од режисерот и драмски писател Карлос Селдран од Куба, и македонската, од драмскиот Југослав Петровски

Петар Печков

Со час посветен на театарот, пред гимназијалците  актерот Васил Зафирчев го одбележа 27 март Светскиот ден на театарот.   Тој им ги пренесе меѓународната порака од режисерот и драмски писател Карлос Селдран од Куба, и  македонската, од драмскиот писател и претседател на Здружението на драматурзи и сценаристи на Македонија, Југослав Петровски.

Ми беше големо задоволство и чест што јас ја имав таа можност, да го одбележиме заеднички Светскиот ден на театарот.  Денес главна тема практично беше делото, творештвото и ликот на Горан Стефановски. Бев многу среќен што одбележувањето на празникот му го посветија токму нему, со колаж од драмски текстови, многу емотивно, со убава порака. Ваквите состаноци се смерница за младите луѓе кои пројавуваат сопствени таленти, аспирации, предиспозиции  во областа на театарот, да го пренасочат своето образование.  Зборувавме и за денешниот ден, со пораката на Карлос кој говори за театарот  како татковина а Петровски потсетува на ритуалната форма на театарот како храма, место каде публика мора да доживеа катарза   а не да замине празна по театарскиот чин. Видов талентирани млади луѓе кои пројавуваат сопствен интерес во рамките на драмската уметност ми театарот и себеси во иднината се гледаат во театарот, филмот  - кажа Зафирчев.    

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »