речник контакт

Актерот Спасовски, за футсал екипата на Велес и донесе опстанок во Првата лига

Постигна два гола за еден асистираше за радост над екипата на Шкупи.

Петар Печков

По пауза од две години  членот на футсал екипата на Велес, Жарко Спасовски се врати на  теренот и  обезбеди опсатнок за велешани во Првата лига.

Спасовски кој е професионален  актер во велешки театар  и носител на бројни улоги во претстви на ,,Јордан  Хаџи Константинов Џинот,, има уште една голема  љубов освен театарот, фудбалот.

Ова по подолго време беше мој прв натпревар за екипата на Велес, поради повреда, но и последен, оти сезоната завршува. Ме радува што со двата постигнати гола и една асистенција,  помоганав Велес да остане во најквалтиетното друштво - вели Спасовски.  

Тој против второпласираната екипа на Шкупи ги постигна првите два гола, а асистираше за четвртиот со што даде голем учинок во конечните 6:4  и пласман на 7-то место, кое обезбедува  опстанок во  оваа конкуренција. Спасовски игра фудбал  од  10 години, на 17 се откажа од големиот и игра футсал. Има и осум настапи за македонската репрезентација.

Поради повреда на коленото не настапуваше две години за екипата на Велес. Жарко кој заврши  ФДУ во класата на Владимир Милчин,  е дел од младата актерска екипа на велешки театар, каде е дел од актуелниот репертоар со улогите во ,,Класен непријател,,   ,,Кралот  Иби,,   ,,Старицата од  Калкута,,  ,,Приказни  од шестиот кат,,.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »