речник контакт

Алачки на нозе ги крена македонските пензионерки (фото)

Благцата на баба по 20-ти пат

Петар Печков

 Фолк пеачката Адријана Алачки  само што се фати за микрофонот и запеа, ги крена на нозе пензионерките кои во саботата беа на мотелот на Велеѓко.  Така  жените пензионерки од Македонија по јубилеен 20-ти пат се собраа во Велес  на манифестацијата ,,Благцата на баба,,.

Гостинките од околу 20 градови од земјава, понудија подзаборавени блага кои ги подготвувале нивните мајки и баби и  ги  понудија за заедничката трпеза. Таму имаше старински баклави,ванилици, раванија и други благи работи. Една од  организаторките е  Неделка Ѓоргиевска која сите  овие  години е дел   од  манифестацијата.

Започнавме пред две децении со мисла да не  се заборават старите блага, на  нашите баби.  Заедно со Лилјана  Андреева, Живка Илиева и  Стефка Карага го започнавме  дружењето и еве 20  години тоа   опстојува. Се собираат жени од цела Македонија, доаѓаат Македонки, Албанки, Турчинки и минеме неколку прекрасни часови низ оро и песна - се присетува Неделка на манифестацијата.

 Манифестацијата има хуманитарен  карактер, дел од собраните средства се наменуваат за лица на кои им е потребно. Годинава е за    Општата Болница  во Велес, за набавка на неопходна опрема.  На 20-тиот собир ,,Благцата на баба,, на мотелот на Велешко езеро, имаше околу 400 гости, најмногу жени  од повеќе градови на Македонија. Сите тие донесоа некое свое старинско благо, со кое се гордеат. За прв пат имаше претставнички на Воени пензионерки од Скопје.   Лила Поповска  подготви домашна баклава, со гриз, и ореви. Ја подготвува 20 години.

Ја научив од сестра ми, таа е стара, топена. Ја подготвувам за слава, за роденден, за Божик, Нова Година. Корите се купечки не ги сукав јас и затоа ми требаше помалку време да  ја подготвам - вели Лила. Со нејзе беше и  Милка Герасова Милка  која подготви кокосови коцки. Рецептот бил одамна од  генерации многу пред неа. 

Жал   ми е  што е мрсен, не е  посен. Тие што ќе пробаат сигурно ќе бидат задоволни. Секој втор ден го подготвувам. мераклија сум за подготовка ама не го јадам, тоа е за помладите - објаснува  Милка.  Гостите кои дојдоа на манифестацијата редум минеа пред свечена маса, каде беа поставени благата. Низ муабет, разговор се потсетуваа на младите години, разменуваа слики и рецепти,  но и совети за добро здравје. 

Подготвив три благца, сите ги научив од баба ми. Сите се посни, оти сега се Велигденските пости, едното е со афион и пекмез,  другото е со бело вино а третото се суви благца. Ги пренесов на ќерките и внуките, тие и сукаат и прават. Бргу се подготвува, за два часа уште побргу се ајде, за десетина минути - објасни  Виолета Чавдаревиќ од Куманово .

Нејзината сограѓанка  Трајана Антиќ  Трајана понуди  солена ролат погача,  ја научила од  мајка и. Ја подготвува за свечени и радосни моменти во куќата и семејството, посебно за славите Св. Арангел и св. Богородица. Сите блага беа изведени од пожолтените тефтери на бабите или по сеќавањата на постарите членки на семејството.  Некои во склад со времето беа посни, други мрсни. Секое благо има своја прикаска, оригинална , интересна, белег на крајот од каде доаѓа домаќинката. 

На  подготовка на овие гурабии  ме научи баба ми Донка а таа е почината пред 50 години. Подготви гурабии, се подготвува со свинска маст, шеќер и  јајца. од една доза излегуваат 100-тина парчиња - вели Цветанка  Ристеска од Прилеп.  Доаѓа петти пат и прекрасна е забавата, дружење со жени со кои се гледа од година в година.   На крајот си посакаа добро здравје и да се сретната до година. 

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »