речник контакт

Албанска паралелка во Гимназија „Кочо Рацин“

Од есен сепак албанска паралелка во гимназијата во Велес.

Петар Печков

Од есен во прва година во Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес за прв пат ќе стартува и албанска паралелка откако на првиот упис се пријавија 28 ученика завршени осмооделенци. Иако првиот ден имаше пристигнато само една пријава во текот на вториот ден стигнале уште 27, со што е исполнет условот од Министерството за образование, дека доколку се пријават повеќе од 20 ученика оваа паралелка ќе започне со настава. Тие позитивно одговорија на барањето на родителите да им се овозможи на децата да учат на мајчин јазик и велат дека секаде каде има услови тое ќе го сторат. Пролетва во три одделенија во две велешки села Бузалково и Горно Јаболчиште завршија 78 ученика, кои настава посетуваа на албански јазик. Претходните години процентот на осмооделенците кои продолжуваа со школување беше мошне низок само 5 отсто. Паралелката која ќе ја посетуваат овие ученици ќе биде со дисперзирана настава во населба Чашка, а тие ќе бидат сместени во интернат. Од Министерството за образование најавуваат дека професорите што ќе предаваат на албански јазик ќе патуваат од Скопје додека останатите ќе бидат од Велес. Како против предлог, градоначалникот на Чашка побара таму да се отвори и паралелка во прва година за македонските ученици од реонот на Азот, за тие да не патуваат до Велес, но истата не била доставена до Министерството и нема да профункционира годинава. Одбиено е и барањето на родителите од селото Бузалково, кои поради одддалеченоста од населба Чашка бараа нивните деца да учат во Велес. Тоа не е прифатено бидејќи било доцна доставено.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »