речник контакт

Александар Колев е новиот претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Велес

Колев е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ и ги мина сите пониски партиски скалила до именувањето на оваа функција

Петар Печков

Тој е избран од Извршниот комитет на партијата и  неговиот избор доаѓа по јавно објавениот конкурс за избор на претседател, на кој имаше пријавено 20-тина кандидати.

Колев доаѓа на местото на Славчо Чадиев, актуелен градоначалник на Општина Велес, кој претседателското место го напушта после локалните избори.


Инаку тој е долгогодишен член на ВМРО ДПМНЕ.  Александар Колев е роден 1981 година во Велес. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје. Тој е доктор по општа медицина на одделението за хируршки болести во ЈУЗ Општа болница Велес, а во моментов и специјализант по општа хирургија.

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »