речник контакт

Алкохолот и гласната музика, проблем на кој велешани се жалат

Најголемиот број инциденти во угостителските објекти во Велес се случувале во „Ноктурно„ и „Импакт„. Во 2013 најмногу поплаки од граѓаните се на работењето подолго од законски предвиденото време и реметење со гласна музика

Петар Печков

Проблеми во градот во текот на минатата година создавале и алкохолизираните млади сограѓани кои лудувале во ноќните часови. Ова е констатација  на СВР Велес по годишниот извештај за 2013-та година.  

Нарушувањата на јавниот ред и мир   во угостителските објекти најчесто се случувани во касните ноќни часови како резултат на конзумирање на алкохолни пијалоци и прекувремена работа на угостителските објектите. Во угостителските објекти лани  регистрирани се 15 додека претходната година имало 23 нарушувања со тепање или физички напад. Ова покажуваа дека лани имало помалку проблеми.

Минатата година само  во два  случаи се констатирани прекршоци на присуство на малолетници  после полноќ.  Констатиран  е еден  прекршок на  гласна музика, во угостителски објект што е разбирливо ако полицијата со фонометaрот работеше само три, последните месеци од 2013-та година, претходно беше на баждарење во Скопје.  Полицијата  според извештајот вршела  контрола на угостителските објекти, секој викенд.

Најголемиот број инциденти во угостителските објекти  во Велес се случувале во кабаре „Ноктурно„ и „Импакт„ како резултат на конзумирањето на алкохолни пијалоци, гостување на пеачи и присуството на лица познати нарушители, додека битно е намален бројот на нарушувања во „Булевар„ во Градско и „Два галеба„ во Чашка. Над овие објекти во текот на годината имало засилен полициски  надзорот.

Во текот на  годината што измина најмногу поплаки од граѓаните се регистрирани во однос на работењето подолго од законски предвиденото време и реметење со гласна музика од страна на угостителските објекти Болетус и Лаиф кафе, и  од  кафе баровите „Пјур„ „Мурано„ и „Аквариус„.

Полицијата  лани реализирала  вкупно 92 контроли во угостителските објекти а по нивни барање само една заедно со Пазарните инспектори  поради ,,нивна наводна зафатеност,, како што СВР Велес нагласува, за што таа  ги информирала  повисоките старешини на полицијата  и повисоките старешини на пазарната инспекција.

Во наредниот период ќе инсистираме на поквалитетна и почеста соработка и заеднички настап на теренот со инспекторите од пазарната и трудовата инспекција преку спроведување на акциски контроли – велат од велешката полиција

Полицијата е со став дека безбедносната состојба во угостителските објекти во Велес  е поволна и не претставува фактор кој ја нарушува вкупната безбедносна состојба.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »