речник контакт

Амбасадорката на САД Брнз, во посета на Велес

Амбасадорката Брнз искажала загриженост од штетите предизвикани од невремето што минатиот викенд зафати делови од територијата на Општина Велес

Петар Печков

Амбасадорката на САД во Скопје, Кејт Мари Брнз, денес беше во посета на Велес. Таа оствари средба со градоначалникот Аце Коцевски. За нивната средба, информираше локалната власт со соопштение.

Средбата двете страни ја оценуваат како  исклучителна можност за размена на идеи и можности за подобрување на долгогодишната соработка помеѓу Општина Велес и амбасадата на САД.

Градоначалникот Коцевски, меѓу другото, информирал за тековната состојба на локалната економија и предизвиците со кои Општина Велес се соочува поради актуелната ситуација со ковид-19.

Тој посочил дека општината и во услови на пандемија не застанува со реализација на проектите кои се од исклучително значење за подобрување на животот на сите жители на Општина Велес, посочувајќи ги приоритетите на општината за тековната, но и за следната година.

Амбасадорката Брнз и Градоначалникот Коцевски разговарале и за предизвиците со кои се соочуваат општините, за реформите на системот на локална самоуправа и за продолжување на процесот на децентрализација на власта.

Тие разговарале колку е важно вложување во  реализација на проекти кои се иновативни и кои вклучуваат современи технологии.

Амбасадорката Брнз искажала загриженост од штетите предизвикани од невремето што минатиот викенд зафати делови од територијата на Општина Велес.

Двете страни го потенцирале  долгорочното пријателство помеѓу двете земји и поддршката која САД ја дава преку амбасадата на Општина Велес.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »