речник контакт

Андон Ќосето и Милан Змијата, дел од новоименуваните улици

По 60-тата седница неколку улици со нови имиња

Петар Печков

Андон Ќосето и Милан Змијата за најголемиот дел велешани се непознати имиња, иако тие ќе бидат и улици во градот и Башино Село. Според предлагачот тоа се велешки војводи и комити, од пост Илинденскиот период. Тие се бореле и загинале  во битките со српските и врховистичките чети на територијата на велешко. 

Познавачите на историјата велат, дека овие две имиња се на рамниште како и на некои од борците од 40-тата, како што е  Костадин Димов Витаминчето и плејада други, кои можеби се повеќе познати на велешани, но не значи дека некој друг има повеќе или помалку заслуги во борбата за самостојна Македонија.

 Како контра предлози на локлната опозиција  во советот за  улицата Андон Ќосето  била понудени  Карпошово востание  не мина со надгласување.

Нови имиња на дел од улиците во градот се и:  Мечкин Камен, Ѓошо Органџиев,  Филип II, Ѓорги Гајдов. Во Башино село пак нови имиња добија улиците Оливер Китановски, Андреја Петкович, Константин Петкович. Милан Змијата, Јордан Хаџи Константинов Џинот, Костадин Димов - Витаминот, Божин Брзаков. Истите досега беа  без име, само со реден број.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »