речник контакт

Апелација ја врати пресудата за докторите од Гевгелија, ќе има ново судење

Ванчев, Чалков и Москов се товарат ,,тешки дела против здравјето на луѓето,, во случајот за смртта на Маја Кадиeва (32 год) и на нејзиното бебе

Петар Печков

Апелациониот суд од Скопје ја врати пресудата за тројцата доктори од Гевгелија, кои беа обвините за смртта на Маја Кадиева и нејзиното бебе.

Постапувајќи по жалбата на велешкото Јавно обвинителство и на одбраната на доктор Ванчев, Апелација прифатила и го врати на повторно судење. Рочиштето за повторниот почеток на процесот  е закажан за средината на месец септември.

Обвинителството ги гонеше   анестезиологот Томчо Ванчев , гинеколозите Венци Чалков и Дончо Москов за ,,тешки дела против здравјето на луѓето,,. Судијката Габриела Гајдова го осуди Ванчев на четири години затвор, како и одземање на докторската лиценца,  додека гинеколозите Венци Чалков и Дончо Москов ги ослободени од обвинението.

Тројцата доктори се обвинети дека со преземените дејствија иако биле свесни дека нивното постапување може да предизвикаат штетна последица, несовесно постапиле при укажување лекарска помош при процесот на породување.

,,Со тоа предизвикале влошување на здравствената состојба кај родилката што резултирало со смртен исход на сега покојната и на новороденчето,, пишува во обвинението.

Породувањето на Маја  Кадиева, од Дојран  кое заврши со смртен исход и по неа и нејзиното бебе се случи на 22 октомври 2015 година  во ЈЗУ Општа Болница Гевгелија.  

АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »