речник контакт

Априли-лили и за Тито

Раководството на Топилницата на 1-ви април 1974-та година при посетата на Јосип Броз, го излагало дека таа работи и не загадува и е чисто како во аптека

Петар Печков

  Случајно или не на денот на шегата, први април  пред многу децении, раководството на велешката Топилница силно го излажало, тогашниот југословенски лидер, Јосип Броз Тито. Му приредило априлилили, кое дури по толку години, член од тогашното раководство реши да го обелодени. Со цел да се покаже дека Топилницата работи а не згадува, се создала и таква претстава, која била со краток рок, од само еден ден. На овој ден 1974-тата година, претседателот на СФР Југославија бил во посета на тогашниот негов Титов Велес и со повод, да ја посети гордоста на Македонија, тазе изградениот индустриски гигант Топилницата за олово и цинк. Градот и  фабриката живееле за овој ден. За да се покажат во убаво светло, раководството на Топилницата решила таа да сјае, но   не и да загадува и чури.

Ако до тогаш од прашина и чад се гушеле, на први април 1974-тата во комбинатот било како во аптека, блескаво и сјајно, невообичаено за овој гигант на обоената металургија. За овој малку познат детаљ се сеќава  инженерот Илија Мајсторов кој бил вклучен во работата на топилницата уште од нејзината изградба од 1970 –та година. Во разговорот со него откри еден досега непознат детаљ, кој го потврдуваат и малкуте живи тогашни сведоци. Меѓу нив се и новинарите од тогашните медиуми, кој се сеќаваат дека во топилницата било невообичаено чисто  без прашина и дим. На први април, раководството на комбинатот го излагале тогашниот претседател на СФРЈ Јосип Броз, бидејќи топилницата работела на лажга, имитирала дека работи.

Фабриката се пушти  во 1973-та а Тито дојде една година подоцна да ја посети, на први април. За оваа пригода три дена се чистеше погонот, цела фабрика, се миеше, переше, се испразнија суровините од печката. И цел ден додека траеше  посетата таа работеше на празно, за да не загадува, да нема облаци прашина, се ставија некои други материјали. Тито требаше да види дека Топилницата работи и не загадува. Така и бидна, бидејќи колоната гости мина со автомобил, не застана да разгледува детално.  Кога се собравме горе во управата и раководството му објаснуваше  за производниот процес, се сеќавам на неговите зборови ,, лепо, лепо, то што причате, само да је истина,, и се насмеа – вели Мајсторов, кој бил раководител на лабораторијата.

Тој потсети дека во прво време топилницата неколку месеци го откупувала земјоделскиот род  од  околното плодно земјиште на Речани бидејќи парцелите биле загаден а за тоа  земјоделците добивале  надомест во пари. Така било половина година а потоа се завршило, немало ни откуп ни се плаќало, ниту некој споменал дека произведената храна е опасна и богата со тешки метали, кадмиум и олово.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »