речник контакт

Аптеката на Крепиови, дел од заборавената велешка архитектура (фото)

Денес таа е дом на семејството Тошиќ

Петар Печков

Сместена близу од административната зграда на Повардарската Епархија, на  улица Ѓоре Органџиев, се наоѓа куќата на Драган Тошиќ. Таа своевремено била дом на  семејството Крепиови, едно од неколкуте велешки аптекари.

Во периодот од почетокот на 20-ти век, по 1900-тата тука била сметена аптеката, која долги години давала лекарства за велешани. На куќата се уште стојат орнаментите кои го доловуваат  богатството на неговите тогашни  сопственици. Шарите е единствени, прецизно изработени а и по толку години се препознатливи на фасадата.    

Нејзиниот сопственик Драган објаснува дека куќата е под заштита на државата,  што го  спречувало да  ја обнови, иако таа е  во лоша состојба и е  потреба итна санација.  

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »