речник контакт

Армија на духови, војници кои го излажаа Хитлер

Војната се добива со памет не со сила

Петар Печков

Сојузниците спасија илјадници животи со примена на уметноста во војувањето

Бил Блес бил еден од нив. Исто како и Елсворт Кели. И Артур Сингер. И Арт Кејн. Пред овие лица да успеат во уметничките кариери по кои ќе станат познати, тие заедно служеле во Втората светска војна. Но биле поинаков вид на војници, кои служеле во поинаков вид единица. Блес и неговите браќа по оружје биле регрутирани од уметнички училишта и рекламни агенции. Тие биле забележани заради нивните актерски способности. Биле избрани заради нивната креативност. Биле војници чие најефикасно оружје било актерството.

Затоа што нивна задача била да го излажат Хитлер.

Блес и неговата дружина биле членови на 23-иот штаб на специјални трупи, елитна единица чија специјалност била „тактичка измама“. Денес оваа единица е попозната како „армија на духови“ - трупи од војници кои глумеле во актерски трупи по европските театри (оваа единица била креација, како што стои во извештаите, на Даглас Фербенкс помладиот), 23-ките биле воглавно градители на Тројанскиот коњ на Втората светска војна.

Освен тоа што нивни дрвени коњи ја зеле формата на тенкови на надувување. И гумени авиони. И прецизно одбрани костими. И радио кодови. И звучници кои во шумите во Франција ечеле со претходни снимени звучни подлоги.

Овие реквизити - „напредна технологиии“ кои на времето и биле напредни технологии - биле вџашувачки ефкасни, и го правеле сето она што би го правеле другите театарски реквизити: да создаваат сцена на која ќе и се верува. Армијата на духови, во која имало 1.100 војници, ја завршила својата задача со поставување на повеќе од 20 лажни фронтовски настани во периодот помеѓу 1944 и 1945, почнувајќи од Нормандија два дена по „Денот Д“, и завршувајќи во долината на реката Рајна. Поголемиот дел од овие изведби - „илузии“, како што војниците сакаат адекватно да ги нарекуваат - се случиле на неколку стотини метри од вистинските линии на фронтот.

И се потпирале на она за што и била намената Армијата на духови, воодушевувачки кажано, на „атмосферата“ - создавајќи севкупен впечаток на вистински воени сили. Војниците во Армијата на духови биле потемкинови села, измислени. Тие требало да бидат членови на сојузнички единици (единици кои всушност биле распоредени на други места) со пришивање на ознаки на нивните униформи и со фарбање на нивните единични ознаки на возилата. Армијата ќе испратела неколку од своите членови да возат камиони покриени со платно - понекогаш само два-три камиони - во конвои кои возеле во круг и правеле впечаток „извинете, „илузуија“ - дека се транспортира цела пешадиска единица.

Вака се сеќава Џејк Мејси, кој бил регрутиран во Армијата на духови на 18 годишна возраст: „Ни беше кажано дека ќе користиме опрема на надувување за да ги залажеме Германците да помислат дека сме вистинска војска, кога ние сме всушност, еве, гумена војска“.

Гумената војска го користела својот драматичен изглед како предност. Тие поставувале серија „патувачки претстави“: детално испланирани претстави за да се залажат и измамат трупите на Оската. Нејзините членови ги користеле своите театарски вештини во актерската игра и користеле снимени звуци и создавале впечаток со костимите. „Биле испраќани да седат по француските кафе-ресторани во близина на линијата на фронтот, за да шират трачеви помеѓу шпионите кои можеби биле таму - за како што вели овој член на духовите, „за да си нарачаат омлет и опуштено да озборуваат“. Некои актери облечени како офицери исто така играле улоги на сојузнички генерали, и посетувале градови каде постоела веројатност дека ќе бидат видени од непријателските шпиони.

Улогата на духовите била, во извесна смисла, да создадат хаос и конфузија. И тие го правеле тоа не само со помош на визуелни трикови, туку и со она што тие го нарекуваат „звучна измама“. Со помош на инженерите од Бел лабс, тим од 3132-та специјална единица за сигнални услуги, кои биле испратени во Форт Нокс за да снимат звуци на оклопни и пешадиски единици на жичани снимачи (претходници на снимачите на лента) кои во тоа време претставувале најсовремена технологија. Потоа во театрите ги „миксале“ тие звуци за да соодветствуваат со атмосферата која сакале да ја создадат, пуштајќи ги лажните звуци преку силни појачала и звучници кои биле монтирани на камионите - комбинација која била толку ефикасна што звуците можеле да се слушнат и на 25 километри оддалеченост.

Специјалната единица за сигнални услуги исто го создавале и она што било нарекувано „лажно радио“, преку кое актерите ги имитирале радио операторите од вистинските единици. Духовите исто така ги имитирале специјалните методи на операторите за испраќање на морзеови сигнали - создавајќи илузија наменета за армиите на оската, дека сојузничките единици се подготвувале за напад кога всушност тие веќе си заминувале од областа. Звучните илузии на армијата на духови, во тој случај, била толку убедлива што го измамиле радио пропангадистот Сели од оската во неговите известувања дека сета сојузничка дивизија се подготвува за битка од место каде во тоа време, всушност, и немало никакви трупи.

Сето ова служело за создавање на крајната илузија: дека воената моќ на сојузниците била поголема и посилна отколку што вистински била (дел од ефикасноста на армијата духови доаѓа и заради фактот што можеле да распоредат вистински тенкови и артилериски орудија покрај лажните, за макетите од далечина да изгледаат исто како и вистинските). Денес се проценува дека армијата на духови со нивните измами спасила десетици илјади војнички животи, и дека послужила за неколку сојузнички победи во Европа. Тие, помеѓу останатите нешта, го оствариле сето тоа воведувајќи ја „уметноста на војувањето“ во буквална смисла.

Приказната за армијата на духови беше предмет на воена тајна се до нејзиното обелоденување во 1996 година. Сепак денес таа е предмет на документарен филм насловен „Армија на духови“. Режисерот Рик Бејер гледа на наследството од единицата делумно како знак за тоа „уште колку многу треба да учиме за Втората светска војна“. Тој за списанието Смитсониан рече: „Ова е одличен пример колку многу фантастични и восхитувачки измислени приказни откриваме за Втората светска војна и по 70 години “.

Тешко е да се замисли повосхитувачка приказна отколку приказната за армијата на духови и за магијата на војувањето. „За нас зборував дека сме воините на Сесил Б. Демил“, вели еден од војниците во единицата.

 текстот е преземен од Атлантик - Вашингтон

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »