речник контакт

Арсовски од СДСМ - гласајте за безбедна, економски напредна држава

Вашата поддршка е неопходна, промените мора да се заокружат со овие претседателски избори

Петар Печков

На ден пред изборниот молк, ОО на СДСМ Велес организираше прес конференција на која ги повикаа граѓаните да излезат в недела масовно и да го заокружат бројот 3, на нивниот кандидат Стево Пендаровски. Велат така ќе се гласало за просперитет, за подобро утре.  

Овие избори се нова шанса. Шанса да се спречи враќањето кон темното минато, кон поделби и омразат, кон криминалот и масовната корупција.  Шанса да се зададе последниот удар на режимот на Груевски и на неговите двојници во ликот на сегашниот претседател, лидерот на неговата партија и нивната кандидатка за претседател. Затоа Вашата поддршка е неопходна. Промените мора да се заокружат со овие претседателски избори. Ова е битка за интегрирана, безбедна, економски напредна држава, држава каде владее правото а не криминалот. Држава на правда, еднаквост и солидарност - порача Дејан Арсовски претседател на ОО на СДСМ за Велес.  

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »