речник контакт

Асфалтирана и проширена е улицата Самоборска, кон Болница

Зградата на Општина повеќе не се грее на јаглен, туку пелети. Предаден за користење надвозникот во Башино село

Петар Печков

Завршена е реконструкцијата на ул. Самоборска, која води до велешката Болница. Таа се асфалтираше во должина од 163 метри и се прошири, за подобар протек на сообраќајот. Оваа сообраќајница беше тесно грло кон здравствената институција и со години се бараше проширување на улицата.  Градежните работи ги изведе ДГ Изгрев од Велес. 

На овој начин се подобри сообраќајната комуникација со Болницата.  Инвестицијата е вредна три милиони денари.  Од тековните активности Коцевски кажа дека  зградата на Општина Велес повеќе нема да се грее користејќи јаглен, туку пелети, за што набавен нов котел.

Освен просториите на локалната власт, преку овој систем се затоплуваат и повеќе подрачни единици на неколку Министерства.  Котелот е прилагоден да користи и природен гас.  До година, на почетокот од јануари ќе се инсталира уште  еден, котел. Вкупната инвестиција е четири милиони денари.

Од неодамна предаден е на користење надвозникот во  Башино село, со кој мештаните непречено можат да ја посетуваат локалната црква.   Инвестицијата заедно со бетонирањето на пристапниот пат до црквата е околу 6 милиони денари, а Коцевски потенцира дека се платени од годинашниот Буџет.    

АНКЕТА »

2018-та е зад нас. Како ќе ја помните?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »