речник контакт

Атлетичарот Јанковски учествуваше на Балканијадата во Романија

Прескокна во височина 1,85 м и го зазеде 11-тото место

Петар Печков

На први и втори август во романскиот град Питешти се одржа атлетската Балканијада. Меѓу бројните учесници беше и велешанецот  Јованче Јанковски, кој се натпредуваше во дисциплината скок во височина. Тој прескокна 1,85  во првиот обид, со кој резултат го зазеде 11-тото место од исто толку натпреварувачи.  

Во оваа дисциплина победи кипранинот Кодрокукис со 2,24 пред Бугаринот Тихомир Иванов со истата височина и Гркот Баниотис со исти 2,24  но двајцата  од повеќе обиди. Овие тројца беа и парично наградени од Светската  атлетска федерација ИССФ со по 333 евра, поради добриот резултат. Јанковски неодамна учествуваше и на првите Европски спортски игри, кои се одржаа во Баку.

На Балканијадата учествуваа околу 250 натпреварувачи од  14 земји, Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Црна  Гора, Македонија, Албанија, Грција, Кипар, Турција, Бугарија, Романија, Молдавија, Ерменија.  

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »