речник контакт

Ауди излетал од патот кај Кадрифаково, возачот со тешки телесни повреди пренесен на Клинички во Скопје

Б.Д. (32 год) од Свети Николе управувал возило со германски регистарски таблички, сопатничката минала со телесни повреди

Петар Печков

Вчеравечер,  на магистралниот пат Штип -Велес, кај село Кадрифаково, се случила сообраќајка со еден тешко повреден патник, кој е пренесен на клиниките во Скопје. МВР со повеќе информации на тешката сообраќајка.

На 25.10.2018 година во 20.00 часот на магистралниот пат Штип - Велес близу село Кадрифаково, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Ауди А4“ со германски регистарски ознаки, управувано од В.Д. (32) од Свети Николе, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.Д., кој со возило на Итна медицинска помош  веднаш бил пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза" во Скопје, додека со телесни повреди се здобила сопатничката С. П.(33) од село Кравари, битолско - пишува во писмената информација на МВР. 

Извршениот увид на местото на настанот ќе ги каже причините за излетувањето.  

АНКЕТА »

Дали треба и натаму летно и зимско сметање на времето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »