речник контакт

Бабуна нов општински првак

Превалец елиминиран од Купот

Петар Печков

Во средата се одигра заостанатито натпревар  од 20-тото коло на  Општинската фудбалска  лига. Лидерот Бабуна на гостувањето против  Башкими, победи со 2:0. Така таа сега е недостижна пред екипата на Гемиџии која е второпласирана.  Бабуна има 10 бода предност а до крајот се играат уште три кола. Токму во следното коло, викендов, се сретнуваат овие две екипи, Гемиџии и Бабуна. Тие ќе играат и во разигрувањето за пласман во Третата лига југ. Единствена непозната е дели  Бабуна ќе го заврши првенството без загубен бод.

1. Бабуна                             20   20    0    0     99:16     60

 2. Гемиџии                          20   16    2    2     75:26     50

 Во средата се одигра  куп натпревар од Јужниот фудбалски регион. Превалец дома беше високо  победен со 5:0 од екипата на Кожув Гевгелија од село Миравци ( како што е официјалниот наслов на гостите). Полувремето заврши без голови, но во вторит дел Кожуф за кратно постигнале пет гола и одат натаму во Куп натпреварите. Патем оваа екипа беше последна во Втората лига, со само 17 бода, од каде излезе и  догодина ќе игра со Превалец во Третата лига југ. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »