речник контакт

Бабуна ја пропушти шансата да стане лидер во Третата лига југ

Во дербито на сезоната Бабуна oдигра нерешено со лидерот Вардар, по што неготинци се пред титулата првак

Петар Печков

 

Во неделата попладне во Чашка се одигра  големото дерби на сезоната на Третата лига југ. Се сретнаа екипите ан Бабуна и Вардар од Неготино, кои се  на втората и првата позиција во оваа конкуренција. Двете eкипи имаат иcт број бодови, со што Вардар има натпревар помалку.

Во овој развој на настанети разбирливо што натпреварот привлече големо внимание. Бабуна од Мартолци не  успеа во намерата да го порази Вардар и да стане лидер. Натпреварот заврши нерешено 1:1.

Така останува истата состојба на врвот на три кола пред крајот. Двете екипи имаат по 46 бода а Вардар натпревар помалку. Останатите две екипи во овој ранг Илинден од Башино село и  Превалец се  пред излегување. Превалец е 8-ми со 31 бод а Илинден е 10-ти со 22 бода. Во ова коло Илинден загуби во Големо Коњари со 3:2 а Превалец беше слободен.

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »