речник контакт

Базенот поставен на кровот од ресторанот Интернационал ја загрозува безбедноста на посетителите, вели градоначалникот Коцевски

Инвеститорот „Бинго груп“ до Општина Велес немал доставено барање за одобрение за градба

Петар Печков

Новопоставениот базен на кровот од ресторанот на хотел „Интернационал“ во центарот на Велес, може сериозно да ја загрози безбедноста на посетителите од  објектот, предупреди градоначалникот на Велес, Аце Коцевски на вчерашната прес конференција. 

Во средата попладне  со помош на механизација беше поставен базен со димензии должина 10, широчина 4 метри и длабочина два метри. Гостите кои тука ќе се капат, ќе имаа поглед на центарот на градот, на јаворите и плоштад Сармаале. Поставувањето на базенот предизвика интерес и реакции во јавноста. 

Според димензиите на базенот, дополнителниот товар од водата би бил од 40 до 80 тони , во зависност со која количина би се наполнил. За ваквото дополнително оптоварување  на зградата, инвеститорот „Бинго груп“  нема доставено статичко мислење или согласност од Институтот за земјотресно инжинерство и сеизмологија или од другоа овластена фирма – рече Коцевски, откако градежен инспектор бил на увид.  

Документациајта покажала дека површината каде инвеститорот сака да го постави базенот се води како кос кров а за пристап до него  се поставувале импровизирани метални скалила, кои не биле изработени по стандардите.

За преземените  досегашни дејствија, донесување и поставување на базенот, поставување на скалилата, поставување настрешница со подвижен кров, од страна на инвеститорот „Бинго грип“ до Општина Велес не е доставено барање, ниту е започната било каква постапка за добивање на одобрение за градба  и поставување на таков вид опрема. Инвеститорот нема доставено проект до општината - додаде Коцевски.   

Објасни дека од страна на инвеститорот усно бил известен службеник во локалната власт дека сакаат да изградат базен за деца, проект кој тие го водат како „џакузи“  и дека инвеститорот воопшто не се обратил до општината, за спроведување на пропишана законска процедура.  Градоначалникот најави дека тие ќе ја продолжат постапката  во рамките на законските овластувања.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »