речник контакт

Балканските војни низ фотографии (фото)

Во ликовниот салон во Велес беше отворена изложбата „Балканските војни во Македонија 1912-1913“ од авторите проф. д-р Зоран Тодоровски и проф. д-р Александар Трајановски

Петар Печков

Изложбата претставува фотографии од луѓе и настани од воените дејствија во Македонија за време на Балканските војни 1912-1913 година. На дваесетина паноа, како што појасни за медиумите, проф. д-р Зоран Тодоровски заедно со неговиот колега проф. д-р Трајановски настојувале низ голем број на документи и фотографии, скици и воени карти да ги прикажат воените дејствија од тоа време во Македонија. Најголем дел од материјалите потекнуваат од Воениот архив од Велико Трново, Софија, Москва и Париз и  дел првпат се презентираат на јавноста преку оваа изложба.

 Преку оваа изложба сакаме да го одбележиме оној мошне значаен настан од историјата на Македонија, Балканските војни кои претставуваат распарчување не само на територијалната целост на Македонија туку и на македонскиот народ, потенцира проф. д-р Тодоровски.

Како што рече Тодоровски, на овие фотографии и документи е претставено и учеството Македонците, а кои се бореле во состав на бугарската армија и македонски доброволни дружини, а кои први почнаа да ги ослободуваат македонските градови како Кратово, Куманово, Прилеп, Битола, Охрид, Дебар и други градови.

Во борбените дејствија учествувале вкупно 100 илјади Македонци, а во борбените дејствија за ослободување на македонските градови бил вклучен и целокупниот воен потенцијал на Македонската револуционерна организација со 47 свои чети.

Проф. д-р Александар Трајановски појасни дека велешани масовно се одѕвале во Балканските војни особено во Првата, а биле мобилизирани во деветтата доброволна дружина.
 
 Велешани масовно се одѕвале за учество во војната, преку имобилизацијата. За жал, наместо тука тие војувала во Одринско- Тракиско со 848 доброволци од велешкиот крај, а за што има зачувано многу документи, а тоа наскоро македонската јавност ќе го види во една публикација што ја правам заедно со колегата  Тодоровски, изјави проф. Трајановски.  Тој  потсети дека е трагично  што загинатите Македонците  се погребани без идентитет во бугарски, српски и други гробишта.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »