речник контакт

Барање за добивање на Б – Интегрирана еколошка дозвола за експлоатација на троската кај Топилница

Се бара мислење од граѓаните до 15-ти септември. Како ќе се транспортира троската од локалитетот до пристаниште Солун.

Петар Печков

Друштво за инженеринг, проектирање, монтажа и услуги "КЕПС МОНТ ГРОУП" ДОО Скопје  до локалната власт поднело барање за добивање на ,,Б,, интегрирана еколошка дозвола.   Дејноста на друштвото е ископ, дробење, мелење, сеење на техногена минерална суровина (ТМС) Согласно законската процедура, во оваа постапка се вклучени и граѓаните и тие  писмено до  , можат да поднесат своја забелешка за работата на оваа инсталација.  

На локалитетот "Баш Колиби", Општина Велес складирано е отприлика  1,8 милиони тони ТМС, која е генерирана како нус производ од технолошкиот процес на топење на цинкот и оловото од Топилницата "МХK Злетово". ТМС е складирана во периодот на работењето на капацитетот Топилница "MХK Злетово" и тоа во периодот од започнувањето со работа во 1973 година, до нејзиното затварање во 2003 година.

Како резултат на воздушните атмосферски струења и ружата на ветрови, доаѓа до појава на разнесување на прашината од депонираната ТМС и загадување на градот Велес и неговата околина, контаминација на земјоделското земјиште и водните ресурси, како и загрозување на опстанокот на сточниот фонд.

Во барањето з добиве на еколошка ,,Б,, дозвола до детали е опишана постапката на пренос на троската. Пред започнување на експлоатационите активности на концесиското поле ќе се реализираат активности на отстранување на површинскиот слој на почва на локацијата во длабочина од 200 до 300 мм. Овие активности ќе се изведуваат со употреба на булдожер и ќе започнат од врвот на депонијата на ТМС, за да се отстранат слоевите на градежен шут, комунален, и комерцијален отпад, кој е нелегално одлаган на локацијата. Овој отпад ќе биде превземен, транспортиран и одложен на општинските депонии (градежниот шут на депонијата за шут, а комуналниот и комерцијален отпад на санитарната депонија, додека органскиот отпад ќе биде одвоено третиран) од страна на ЈП "Дервен", согласно потпишаниот договор.

По завршувањето на подготвителните активности на расчистување на теренот на локацијата, ангажираната компанија за изведување на експлоатационите работи на ТМС ќе ги реализира активностите на монтирање на опремата за сепарирање (сеење) на ТМС. Со експлоатацијата на ТМС на депонијата на локацијата "БАШ КОЛИБИ", ќе се започне од предната долна страна на депонијата, гледано од правец на Топилницата и ќе се врши етажно согласно рударскиот проект. Експлоатацијата на ТМС на локалитетот ќе се реализира со дисконтиуирано површинско откопување, односно со етажно откопување, заради големата висинска разлика на депонираната ТМС и тангетната сила, која е на граница на дозволената, а имајќи ја во предвид, при тоа, специфичната тежина на ТМС.

Со вака испланираното етажно експлоатирање на ТМС согласно рударскиот проект, максимално се намалува можноста од нарушување на стабилноста на локацијата на експлоатационото тело и до нејзино евентуално одронување кон реката Вардар, која се наоѓа на 300 метри од депонијата на ТМС. Ископот на материјалот од депонијата на ТМС ќе се врши од врвот кон дното на телото на депонијата, со длабочинско напредување од cca 2m.

Ископот ќе се врши со багер, од каде потоа се носи на третирање на мобилен сепаратор. Со технолошкиот процес се врши одвојување на ТМС од остатоците на наведените видови на отпад-градежен шут, комунален, комерцијален и органски отпад. Ископаната ТМС се транспортира со подвижните транспортни ленти до собирниот-приемен конус-кош, од каде преку транспортна лента сеноси на примарно и секундарно сеење во вибро сито и после завршувањето на овој технолошки процес се врши утовар во камиони од типот "KESON", за транспорт до пристаништето во Солун,  Грција, од каде со бродски превоз се транспортира до земјата увозник на суровината Малезија.

Монтираните транспортните ленти во процесот на технолошката експлоатација на ТМС се од затворен тип (покриени со хауби) и се со можност за вградување на систем за отпрашување, со што максимално се елиминира појавата на емисии на прашина во текот на експлоатацијата на ТМС, а со самото тоа и се избегнуваат појавите на загадување на воздухот и се заштитува животната средина и здравјето на луѓето.

ТМС од депонијата на локацијата Баш Колиби ќе се транспортира со специјални камиони од типот "KESON" опремени со метална када и церада за покривање на товарената ТМС, при што се почитувани европските стандарди за транспорт на овој вид на отпад. Со користењето на вака опремените современи камиони се елиминира можноста од емисија на прашина или појави на истурање на утоварениот материјал при транспортот. Утоварените и измерени камиони ќе се движат од локалниот земјен пристапен пат, кој е вонепосредна близина на телото на депонираната ТМС, кој потоа се вклучува на ул. АСНОМ и преку раскрсницата по улицата "Вардарска", преку мостот на реката Вардар – ќе се вклучат наавтопатот А1 “ПРИЈАТЕЛСТВО” - Неготино - Демир Капија - Гевгелија и граничниот премин со Грција (Богородица).

Мерењата на празните и натоварени камиони од типот "KESON" за транспорт на ТМС се врши со користење на индустриска вага, која ќе биде лоцирана на влезот на оперативниот простор на планскиот опфат на експлоатационото тело . Фреквенцијата на натоварените камиони е планирана на минимум 2 (два) камиона на час. Откако ќе се воспостави целосниот процес на експлоатација со сите потребни попратни пратечки содржини (лоцирање на технолошката линија и нејзино функционирање во полн капацитет, оформувањето на манипулативниот простор за реализација на транспортните активности и.т.н), периодот на експлоатационите активности ќе изнесува 24 (дваесет и четири) часа на ден.

Планираната динамика на изведување и завршување на експлоатационите активности на ТМС на локацијата Баш Колиби, согласно подготвениот термински план и динамика се планира да се реализира за период од околу 48 (четириесет и осум) месеци од започнувањето со експлоатационите активности.

Целокупната документација содржана во барањето, предлог-програмата за подобрување и активностите кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација за заштита на животната средина е достапна за заинтересираната јавност на веб страната на Општина Велес: www.veles.gov.mk

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »