речник контакт

Безбедноста на делницата од автопатот Скопје- Градско нарушена

Безбедноста на делницата од автопатот Скопје – Градско е нарушена поради лошата хоризонтална и вертикална сигнализација. Нема знаци или се обраснати во зеленило, нечисти наплатни рампи, диви премини

Петар Печков

Безбедноста на  делницата од автопатот Скопје – Градско е нарушена поради лошата хоризонтална и вертикална сигнализација. Тоа ги доведува  во опасност возачите, нивните животи но и на сопатниците.   Бројни се реакциите на пропустите кои се евидентираат на најфрекфентната  сообраќајница во земјава.

Во голем број случаи  има недостаток на сообраќајни знаци, дел до нив  се сокриени во околната вегетација, потоа оштетени заштитни огради покрај сообраќајницата, нечисти платни рампи. Ова се дел од поплаките на возачите, кои возат на оваа релација. Надлежните од ЈП Македонија пат  се жалат, не можат да престасаат да ги санираат сите штети, кои ги создавале луѓето.

 Законот е многу прецизен, на еднонасочниот дел од сообраќајниците мора да има идентичен сообраќаен знак од левата и десната страна, бидејќи во моментот на движење  може да има големо возило и да не се види предупредувањето. Кога во Велес, на еднонасочните улици има по два знака од левата и десната страна, не гледам зошто нема и на автопат, кој е огледало на државата. Сообраќајците казнуваат иако и да сакам не можам да во видам знакот, бидејќи го нема. Но тоа  не е се, дел до нив се сокриени од дрвја па се случува возачите кои не го користат често автопатот, да го промашат приодниот пат каде  патуваат – вели Никола Димовски велешанец, кој поради службените обврски често патува на релацијата до Скопје и назад по автопатот.

Овие пропусти се посебно воочливи  летово кога бројни странци ја крстосуваат Македонија, на пат кон нивните одморалишта, кон Грција. Друг патник од Градско кој е со работни обврски во Велес, ја посочува случката од зимското невреме, кога голема сообраќајна табла пред влезот во Велес, со упатства каде што е, паднала од  силниот ветрот, така  на земја стоела неколку седмици, за по некое време да ја снема, исчезнала. Посебно грда е сликата со платните рампи, лош впечаток кој се остава овој период за бројните туристи од Србија, Унгарија, Полска, Словачка и Чешка кои патуваат на одмор во Грција.

Многу се нечисти платните рампи. Кога ја давам раката да платам, ми е шубе. Бев и лани одмор во Грција,еве и годинава минувам оттука, но не знам кога последен пат тие се исчистени. Сликата е иста. Мора да се преземе нешто, бидејќи тоа не е добро и од хигиенски и од здравствен аспект – вели турист од Белград, минувајќи на платната рампа Отовица, кај езерото Младост. Неколку стотина метри пред овој објект, уште еден пример на неажурноста на ЈП Македонија пат. На  Отовичкиот мост се уште е отворена дупката на заштитната ограда во должина од десетина метри. Таа е остаток од босанскиот камион кој летна од мостот во провалијата пред две години. Ни по толку време надлежните не ја санирале, а на возачите им  остава непријатна слика на необезбеден простор.  Од ЈКП Македонија пат  објаснуваат дека тие вложуваат големи напори да се обезбеди максимална безбедност на автопатот, но учесниците биле со лоши навики.

Како и  кражбите на металот, така и кај нас се случува да се крадат сообраќајните знаци. Не можеме толку бргу да ги санираме штетите, колку што се краде. Некои се обраснати во зеленило, бидејќи немаме толку вработени за да можеме да одржуваме така долга делница, па дрвата и покрај нашата интервенција, растат и ги покриваат. Што се однесува до објектите каде се плаќа патарина, во тек е тендерот за прибирање понуди тие да се бојадисуваат. Непосредно пред фарбањето  ќе ги испереме, по што ќе добијат нов лик – велат од ЈП Македонија пат.

Најавуваат дека по завршувањето на асфалтирањето на делницата Катланово – Велес ќе бидат поставени нови сообраќајни знаци со европски изглед и терк. Тогаш ќе биде замената и заштитната ограда, наместо  постојната метална со нова бетонска, за да се добие на сигурноста на патниците. Во таа пригода ќе биде прецртана и постојната хоризонтална сигнализација, која сега повеќе ги збунува патниците отколку што им дава помош.

Истата е неколку пати преправана и личи на боенка за деца со повеќе показатели, кои се останати од пред неколку години. Тогаш автопатот поради поправката на мостовите, беше двонасочен, и коловозот се уште се со неколку траки, показатели кои не важат и  но затоа ги збунуваат возачите.

 дивите вклучувања од локални патишта голема опасност
   
 На повеќе места од автопатот, за потребите на месното население, уништена е заштитната мрежа и од локалните земјени патишта се обезбедува пристап до автопатот. Иако ова е најстрого забрането и опасност по сите учесници во сообраќајот, се практикува на многу места.

Колку се безобѕирни дел од граѓаните, илустрира примерот од пролетва кога имавме протест на незадоволни сопственици на имот од Велес пред општинската зграда.  Тие бараа да им дозволиме да ја отстранат мрежата, за да можеле директно од автопат да одат во нивен имот, иако за тоа имаат други локални патишта. Од такви нелегални приоди влегува стока по автопат, се случуваат сообраќајки, па ние ја плаќаме судската казна бидејќи не сме обезбедиле безбедно возење – велат од ЈП Македонија пат.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »