речник контакт

Без Велес не можат

Откако минатата година минаа 12 месеци во Велес и си заминаа, полјачката Халина и французинката Лајла повторно дојдоа да живеат во Велес, на кратко, ама тука се

Петар Печков

По повеќе од година дена повторно во Велес се  и полјачката Халина Војслав и французинката Лајла Лапартијан.  Иако тие минатата есен си заминаа од градот, по 12 месеци се вратија, не можеа  а да не  дојдат и ги видат старите пријатели, и знаменитостите Градскиот саат, црквата Св. Пантелејмон, пазарен ден во градот и уште многу други работи. Не се тука за  ден два туку повеќе, Лајла  уште една година, додека  Халина еден месец. Таа е тука со нејзиниот дечко Карел, со кого  ја прошета земјава. Впечатоците од лани се потврдиле и сега.

Во Велес и во Македонија сум  триесетина дена, на одмор и да се сретнам со пријателите. Прекрасно е чувството пак да си тука. Иако мина една година, врските се силни а чувствата јаки. Прошетавме до Охрид, ги фативме последните убави денови од продолженото лето, бевме до Колешинските и Смоларските    водопади. Прекрасно , незаборавно  - вели Халина.

Таа беше да се види и со децата од Шуто Оризари, каде лани  работеше на театарска претстава и изработка на стрип. Откако претходно престојуваше во Македонија  преку младинскиот волонтерски програм  на ЕУ. Ја одбрала да работи во Македонија поради луѓето, и новиот престој тука потврдува дека  не згрешила. Средбата со децата во Шутка била срдечна и искрена. Тие не ја заборавиле. Но ова не е прв нејзин престој во земјава откако лани си замина. Таа неколку месеци пролетва работела како водич и ги носела Полјаците во Македонија, во заедничката туристичка тура со Црна Гора.

Тоа беше проект на  агенција од Полска, со која во седумдневен  престој, туристи беа во Црна Гора и Македонија.  Јас бев преведувач и моето познавање за земјава, добро ми дојде. Ги шетавме Охрид, Скопје, а најтешко беше на манастирот Трескавец во Прилеп, бидејќи гостите беа возрасни а времето жешко а тие се искачуваа по угорнините. Би сакала да отворам агенција и да ги носам полјаците во вашата земја – вели Војслав.

Во Полска врската со Македонија и биле интернет  и цедињата со музика од Фолтин, Кирил Џајковски, Љубојна, Калдрма, Синтезис чиј голем обожавател. Судбината сакаше во време на нејзиниот престој тука да биде и французинката Лалја Лапартиен. Тие двете за време на минатогодишниот престој во Велес се спријателите и станале блиски. Случајно  тие  биле сосетки во становите каде живеат и така се зближиле. По нивното заминување од Велес, останале  во контакт и сега повторно средба во градот на Вардар. Лајла со истата причина како и претходно, фирмата каде работи и дала една година одмор, по што таа се реши пак да се врати во Велес, да живее тука и да го учи македонскиот фолклор.

Во вашите луѓе има нешто, што на друго место го нема, има живот, срдечност, отвореност, пријателство. Еве иако мина една година откако си заминав, по моето враќање, старите познаници и пријатели, кога ќе ме видат се радуваат, ме пречекуваат со широко отворени врати и срца. Тоа не е глума, туку вистина. Затоа пак дојдов во овој град, бидејќи тука се чувствувам како дома, како да ми е семејство – објаснува Лајла.

Со враќањето во Велес повторно  започна да работи со Културно уметничкото друштво ,,Вила Зора,, со кои веќе била и на гостување во Бугарија, во  збратимениот град Свиштов. Децата од друштвото најмногу се израдувале на враќањето на Лајла. За Илинден била во Крушево и воодушевена е од градот и од чествувањето на празникот. За претстојното зимо таа  го подготви македонскиот специјалитет ајвар.

Научив да правам и ајвар. Тоа е нешто фантастично, Лани баш тогаш си заминав, а еве годинава купив се што треба и го испржив. Многу е сладок. Сега се подготвувам да варам ракија. Тоа се прекрасни моменти, кој кај нас ги нема,  не се наоѓаат – среќна вели Лајла. Таа е често по улиците на Велес, во друштво со стари и нови познаници, ужива во разгледувањето на градот. Ги открива неговите убавини, се потсетува на нештата што ги видела. Иако живеела и во Русија и Тунис, сепак се решила за втора татковина да и биде Македонија.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »