речник контакт

Без Топилница нормално се живее и полесно се дише

На седумте мерни места во градот, за ниту еден ден во изминатите осум месеци, не е регистрирано...

Петар Печков

На седумте мерни места во градот, за ниту еден ден во изминатите осум месеци, не е регистрирано присуство на тешки метали над дозволената граница, тврдат стручњаците.

Велешани дишат чист воздух, гласат резултатите од испитувањата вршени изминативе осум месеци. За ниту еден ден, на седумте мерни места, нема показатели на присуство на олово и на кадмиум над максимално дозволената граница. Сепак, стручњаците предупредуваат дека опасноста од тешките метали не е надмината бидејќи ги има во почвата. Овие оптимистички резултати се први по 35 години од почетокот на работата на Топилницата. Нив ги објави Заводот за здравствена заштита (ЗЗЗ) од Велес по мерењата на атомскиот апсорбер, кој општината го доби како подарок од УНДП, а годинава е ставен во функција.

- Ниту еден ден не е регистрирано загадување, а измерените вредности се далеку под максимално дозволените, пропишани од Светската здравствена организација. Ако овие резултати ги споредиме со тие од пред пет години јасно е дека квалитетниот воздухот што го дишат велешани е резултат на неработењето на Топилницата - вели д-р Вера Ристова од ЗЗЗ.

Мерењата се вршени на тешките метали, оловото, кадмиумот и цинкот во воздухот и правта. Тие покажуваат дека жителите на стариот дел на градот имаат подобри услови за живеење, бидејќи во левиот дел на Велес има помало загадување отколку во десниот, каде што се сконцентрирани индустриските капацитети.

Повисоките концентрации на прав отколку на тешки метали укажуваат на лошото одржување на комуналната хигиена и недоволното зеленило во градот. Тоа е причина хроничните респираторни болести кај децата од предучилишна и училишна возраст по последните три години да опаѓа. Тоа укажува дека квалитетот на воздухот е подобрен. Сепак, проблемот со загадувањето на Велес не е решен.

\"\"

- Тридецениското неконтролирано загадување и испуштање тешки метали, кои сега се во почвата или во депонијата покрај Топилницата е новиот извор на опасност. Ризикот задравјето на велешани сега е помал и останува да се елиминира опасноста од почвата - вели Ристова.

Неодамна екологистите од „Вила Зора“ со стручњаците од Земјоделскиот факултет почнаа процес на фиторемидијација, отстранување на тешките метали од почвата со помош на градинарски култури.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »