речник контакт

Без одбојка во Велес, и ракометарките на Борец не постојат

Убавата вест е што кошаркарите најдоа средства и ќе играат во Втора лига. ,,Гемиџиите, со слоган,, Сакам спорт во Велес,,

Петар Печков

За прв пат се случува во самостојна Македонија велешка одбојкарска екипа да не настапува во најдоброто друштво, првата лига во машка или женска конкуренција. Досега се случуваше или едната или другата да играат  меѓу најдобрите а имаше години кога Велес имаше и три екипи,  плус  женската екипа на Форшпед. Сега не игра ниту една. 

Ниту женската ниту машката екипа нема да се натпреваруваат, бидејќи нема средства. Ќе играме сама во младинските конкуренции. Се обидовме да најдеме спонзор, но не успеавме Клубот нема да згасне, ќе чекаме подобри времиња. Имаме резултат, играчи, успеси, но беспарицата не натера на овој чекор. Навистина жалам што одбојкарите нема да настапуваат. За овој спорт нема потребни од големи средства. Жално е што Велес има голема традиција во овој спорт а сега дојде да го нема во одбојкарскиот спорт    – велат од ОК Борец. 

За да играат на машката екипа за цела сезона биле потребни околу 200 илјади за жените нешто помалку, 150 илјади денари. Но не се успеало да се најдат. Одбојкарскиот спорт е се традиција во Велес, кога и машката и женската имале зад себе големи резултати и бројна публика а од екипата на Борец потекнале бројни македонски репрезентативци и интернационалци. Машката екипа на Борец има учествувано и во Купот на ЦЕВ а Велес беше домаќин и на македонистка одбојкарска репрезентација.  Кога патрон на екипата во 90-титие  беше Универзал промет Борец го освои и Купот на Македонија  а играше и во финалето за титулата првак. Во слична состојба се најде и женскиот ракомет, откако имаше ѕвездени моменти на почетокот до 21 век кога зад екипата беа спонзорите  Киро Ќучк и Тедико.  

Бидејќи клубот немаше повеќе финансиер две години, девојките беа оставени сами на себе, Борец загасна. За жал една успешна традиција е прекината -  изјавија ентузијасти кои две години се обидуваа овој клуб да не згасне. Спротивно на нив во последен момент машката екипа на  КК Борец најде  средства за да се пријави да игра во Втората лига, откако минатата сезона како првак на Трета се здоби со шанса за повисок пласман.

Имаме млада и перспективна екипа, успеваме да најдеме дел од средства, дел се обидуваме преку продажба на блок влезници да обезбедиме начин да играме во ова друштво – велат од КК Борец.

Вакви финансиски проблеми нема единствено машката ракомета екипа на ГРК Борец, која добива средства до општинскиот Буџет. Тие осетно засилени и со силни амбиции тргнаа во Првата лига со најава за влез во Супер лигата. Заглавен во беспарицата ФК Борец мака мачи во Третата лига за да преживее и опстане и во ова друштво. Најавуваниот проект од пред две години, Борец во Европа, беше голема прво априлска шега.

Женската екипа на  ФК Борец и футсал екипата на Велес, со скромни средства постојат    и се во средината на Првите лига во нивната конкуренција, иако пред некоја година девојките беа првак а Велес беше освојувач на  Купот.  Ниските гранки на кој се најде спортот во Велес, ги испровоцира навивачите ,,Гемиџиите, деновиве да излезат со слоган,, Сакам спорт во Велес,,.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »