речник контакт

Бетонирана улица кај второ кладенче, ромите во Велес заборавени

Локалната власт пушти во употреба бетонирана улица во месност каде живеат Роми, тие пак незадоволни од статусот во заедницата.

Петар Печков

На улицата Стојан Бурчевски Буридан е извршено е бетонирање во должина  од 200 метри со просечна широчина од 3 метри. Целата предвидена траса од 400 метри е пробиена, тампонирана, подготвена е арматурната мрежа за вградување.

Во наредните неколку дена ќе се изврши комплетно бетонирање на предвидената делница од трасата, најавуваат од општина Велес. Прв улицата ја сефтоса Министерот без ресор Неждет Мустафа. Улица Стојан Бурчевски - Буридан е населена доминантно со ромско население. Тој е задоволен од третманот што го има оваа категорија на граѓани во општина Велес.

 

Јас сум задоволен кога го гледам ова, затоа што точно ги знам сите проблеми на ромите со кои тие се соочуваат и ова во Велес ме прави среќен.  За да се подобри во целина животот на ромите, треба од некаде да се почне. Првиот чекор секако е изградба на патната инфраструктура – изјави  министерот без ресор, Неждет Мустафа. Населението од улицата, претежно роми, му ги раскажаа нивните маки, проблеми и очекувања.

Од друга страна партијата Демократски сили на Ромите незадоволни   од третманот што го има оваа категорија на граѓани во општина Велес. Тие со подолга листа на поплаки за животот на оваа популација во Велес.

Кога им требаа нашите гласови, бараа и ветува се а не дадоа ништо. Градоначалникот Петров не заборави. Каде е правичната застапеност на националностите во локалната власт, нема ниту еден вработен ром, децата не учат на вој јазик. Во ЈКП Дервен се вработуваат само на одредено време и на тешки физички работи – вели  Амет Демиров од Демократски сили на Ромите. Тој најави дека ако скоро не се промени состојбата, ќе протестираат пред вратите на локалната власт.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »