речник контакт

Бетонската база на „МИСА МГ“ доби еколошка „Б“ дозвола

На објавата на општина Велес за учество на јавноста во постапката, немало стигнато забелешки

Петар Печков



Друштво за трговија, транспорт и услуги “МИСА-МГ ТРАНСПОРТ” ДОО Скопје со седиште: ”Павел Шатев” бр.3-лам.3/лок.10 Скопје-Кисела Вода, Кисела Вода, ја доби „Б“ интегрираната еколошка дозвола за работа ан бетонската база.  Неа ја издаде Општина Велес.
Инсталација за производство на бетон, е стационарна бетонска база со  вкупен капацитет на силосите за бетон од 60 m3 (поголеми од 50m3) и годишно производство на готов бетон околу 3.000 m3, лоцирана на КП 10455 КО Велес, општина Велес.

Во дозволата меѓу другото пишува дека на 20 фервруари барањето е поставено на веб страницата на Општина Велес и со тоа е дадена можноста за учество на јавноста во постапката. На тоа не биле доставени забелешки. На 17 април „Б“ дозволата е издадена и е сао важност од седум години.

„МИСА МГ“ поседува и асфалтна база, за која има „А“ интегрирана еколошка дозвола како и за сепарација на природен камен и варовник.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »