речник контакт

Бетонска база во најурбаниот дел на Велес

Од локалната власт објаснуваат зоната е индустриска

Петар Печков

 Во населбата Тунел, спроти Социјалните згради, каде е најурбанизираниот дел на градот, во соседството започна да работи бетонска база. На имотот од сопственик на градежна фирма, никна апаратура за производство на бетон и преработка на чакал. Тоа создаде револт кај соседите од улиците Живко Фирфов, бидејќи во периоди кога работи создава бучава и прашина.

Не ни е јасно, како можеше било кој од општина да потпише документ,  дека може тука спроти нас, да работи бетонска база. Ние сме единствената планска населба изградена во Велес,  и сега некој решил тука да има индустрија, како е можно. Така кога се градеа социјалните станови пред нашите куќи  во 2000-та,  изведувачот ја заборави исто така базата, па таа во двориште ни беше две години по завршувањето на работите. Таа работеше, ние реагиравме  и толку. Сега истата база ја помести само преку улица – велат жителите од улицата Живко Фирфов. Надлежните од општина Велес, го знаат овој проблем на дел од нивните сограѓани, но велат дека тие немаат никаква одговорност.

Улицата што ги дели станарите кои реагираат и просторот каде се наоѓа бетонската база е границата помеѓу две дела на  градот Велес.  Локацијата каде е поставена инсталацијата е индустриска зона. Таква одлука донеле членовите на Советот и тоа е донесена преку јавна расправа и други форми, каде тие можеле да реагираат, каде што ќе биде  и ќе се гради во градот – велат од локалната власт на општина Велес, додавајќи дека тие се должни да потпишат документ, кој е во согласност со урбанистичкиот  план на Велес.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »