речник контакт

Библиските настани во стрип едиција на Повардарската Епархија

МПЦ преку стрип им ги приближува библиските јунаци на верниците и на овој единствен начин, таа го следи чекорот на времето за да стигне до семејствата во Македонија.

Петар Печков

МПЦ преку стрип им ги приближува библиските јунаци на верниците и на овој единствен начин, таа го следи чекорот на времето за да стигне до семејствата во Македонија.   

„Библиски настани“ е илустрирана стрип едиција на Повардарската Епархија на МПЦ која веќе една година и пол ги приближува библиските јунаци до верниците и читателите. Таа се печати за првпат во историјата на издаваштво на Македонската Православна Црква, а досега не се испечатени слични изданија ниту во останатите православни цркви на Балканот. Стрипот предизвикува големо внимание, тој е баран и читан.

- Изданието е наменето пред се за помладата популација за да и се доближи вистината за пророците и за нашиот спасител. Веруваме дека по неговото читање, повеќе ќе разберат и ќе се едуцираат – вели Владиката Агатангел Митрополит на Поварадарската Епархија, издавач на стрипот, кој во оригинал е дело на Американската Православна црква.  

Тој е откупен за македонскиот пазар а преводот е на македонскиот свештеник од САД  протојереј Митко Поповски. Станува збор за скапо издание, се печати во квалитетна техника и хартија, во боја, и секој број има тираж од 10 илјади примероци. Тие се дистрибуираат по храмовите на Повардарската епархија каде можат да се набават бесплатно, како и на часовите по веронаука, на децата кои решиле да го следат овој предмет.

За „Библиски настани“ има интерес и меѓу иселениците во САД и Канада, каде се испорачуваат одреден број примероци. За изминатата година и пол излезени се четири броја, за Аврам, за Јосиф и двете продолженија за Мојсеј. До крајот на едицијата, на три месеци ќе излезат од печат и  библиските настани за Давид, Илија, Данаил, Петар, Павле, вкупно ќе има 14 броја. Со излегувањето на овој стрип, кој е наменет за секоја возраст, читателите добиваат можност да се потсетат на изворедно библиско сведоштво. Издавачите објаснуваат дека печатењето на овој стрип  е голем настан за МПЦ бидејќи ваквиот начин на претставување на Библијата се случува за прв пат од нејзиното постоење. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »