речник контакт

Бик избоде сопственик до смрт

Од непознати причини, бикот го нападнал сопственикот, прободувајќи го со роговите во стомакот. Настанот се случил во селото Дорфулија

Петар Печков

Ѓорѓи Михаилов ( 46 год) од селото Дорфулија, близу Велес смртно настрадал откако бикот го избодел до смрт.  Настанот се случил во саботата попладне околу 17 часот, кога Ѓорѓи го напасувал неговото стадо крави.

Од непознати причини,  бикот го нападнал сопственикот, удирајќи го со роговите во стомакот. При тоа му нанел повеќе тешки телесни повреди, од кои Михаилов искрвавил и починал на лице место.  

Бикот беше  многу бесен, не му беше прв пат  да го напаѓа газдата, но и другите од семејството. Пред  некое време татко му успеа да   го спаси, кога  животното тргна на него. Овој пат  беше  Ѓорѓи беше сам да ја пасе  стоката   во местото  Ливаде, на 1,5   км од селото. Кога  видовме дека се стемни а Ѓорѓи го нема, се организиравме и го баравме. Го пронајдовме едвај во темнината околу 20 часот  навечер. Целиот беше избоден и облеан во крв, без знаци на живот. Тој брат му и родителите,    живееја од  кравите а бикот  му го одзеде животот - објаснува негов соселанец.

 Од СВР Штип го потврдија настанот, со тоа што   дополнуваат дека на лице место излегла увидна екипа  а подоцна телото на починатиот  е  предадено на семејството. Во текот на вчерашниот ден,  недела попладне.  Михаилов е погребан  на гробиштата во село Дорфулија.  

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »