речник контакт

Биографскиот филм за Џеј Рамадановски „Недела “ на репертоарот на 3Д киноверзум (видео)

Премиери и на Романтичната комедија „Прекрасна венчавка“ и цртаниот „Ав,ав, ѕвезда 2: концерт во паркот“. На репертоарот е „Кутрите“ филм кој доби 11 номинации за Оскар и „БАФТА“

Петар Печков

Девет филмови се на репертоарот на 3Д киноверзум Велс до следната среда.

Од петок започнува да се прикажува српскиот филм „Недела“ биографски за пејачот Џеј Рамадановски.  

Романтичната комедија „Прекрасна венчавка“  е исто така премиера. Откако Аби и Тревис се журкаат во Лас Вегас, дознаваат дека се венчани. Тргнуваат во Мексико на меден месец со нивното семејство и со нивните пријатели.

Третата премиера е анимираниот „Ав,ав, ѕвезда 2: концерт во паркот“.    Кога Боди и неговиот бенд Тру Блу ја напуштаат Снежна планина за да одат на турнеја со поп сезацијата Лил Фокси дознаваат дека славата не е лесна.

Руската комедија „Слуга 2“  со српскиот актер Милош Биковиќ  и натаму на репертоарот. Во продолжение на оваа хумористична филмска приказна, публиката ќе има можност да ги проследи комичните и возбудливи настани околу главниот лик Гриша (Милош Биковиќ), млад човек од високата класа кој се најде во улога на слуга од минатиот век,. По патувањето во „минатото“, тој реагира на секоја неправда на арогантната и разгалена Катја (Аглаја Тарасова), која наскоро ќе се најде во друго време и во поинаков општествен статус, што внесува нова линија во оваа филмска приказна.  Катја разгалена девојка, за сите нејзини лудости проаѓа неказнето. Мајката ја штити ќерката, но после се решава да биде построга.

Романтичната комедија „Бедни суштества“ (Кутрите)  е американски филм кој доби 11 номинации за Оскар и исто толку за британската филмска награда „БАФТА’. .  Неверојатната приказна за еволуцијата на Бела Бакстер, млада девојка оживеана од брилијантниот научник доктор Гудвин Бакстер.

Големиот светски хит „Пчеларот „ со Џејсон Стејтам е трета недела на репертоарот на 3Д киноверзум.  Тоа е филмска приказна за Глеј  поранешен агент на организацијата „Пчелари“. Откако неговата пријателка и сосетка ќе се самоубие поради измама, тој решава брутално да се освети на сторителите.

Романтичната комедија „Само не ти“  која се наоѓа високо  по гледаност во светото, е филмска приказна за млад пар Бен и Беа, кој по неверојатниот прв состанок  и привлечноста, брзо се оладува, се додека не се најдат случајно во Австралија. И тоа  на свадба кај пријатели. И го прават она што сите зрели луѓе би го направиле - се преправаат дека се пар.

Филмот „Вонка“ кој е меѓу нагледаните во светот и натаму го привлекува вниманието на публиката во Велес.   „Вонка“, музички СФ филм, бајка. Дали сакате да знаете како започна сѐ? Откријте го потеклото на Вили Вонка и неговата средба со фасцинантните Умпа-Лумпа во неговите најрани авантури. Базиран на неверојатниот лик од приказната Чарли и чоколадната фабрика, Вонка ја раскажува приказната за најдобриот изумител, магионичар и чоколатиер и како тој се претворил во Вили Вонка, што го знаеме и денес.

Анимираниот филм  „Духот од Кантервил“  е насинхронизиран на македонски.   Англија на крајот на деветнаесеттиот век, кога научните пронајдоци носат нови погледи на светот, едно модерно американско семејство се преселува во нивната ново купена селска куќа за да дознае дали таа е опседната со духови. Сер Сајмон Кантервил успешно шета на теренот повеќе од триста години. Но кога се обидува да ги исплаши новите домаќини, тој се соочува со нови предизвици.

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »