речник контакт

Бистите на народните херои од Велес, поставени во Младински парк

По шест години во депо, повторно пред јавноста, Спомен обележјата на Димче Мирчев и Благој Страчковски

Петар Печков

Спомен обележјата на народните херои  Димче Мирчев и Благој Страчковски локалната власт ги постави во Младинскиот парк. Тие се повторно пред јавноста после шест години.

Со одлука на Советот на Општина Велес од април годинава, се одреди да се постават на оваа локација. Деновиве беа изградени постаменти а на нив поставени и бистите.   

Истите беа отстраните од Паркот на хероите, кај Ликовен салон на 30 август 2012 и беа во депото на Спомен Костурницата. Целта беше да се создаде Алеја на великаните, која иако долго време беше најавувана не се случи.   

Останува да се види каде ќе бидат поставени останатите спомен обележја на паднатите борци од НОБ кои беа дислоцирани од Младинскиот парк поради кражби како и бистите на поетите борци од НОБ кои беа поставени за Рациновите средби кога имаа Југословенски карактер.  

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »