речник контакт

Божикен појадок за лицата со церебрална парализа (фото)

Четврти пат по ред МПЦ-ОА Повардарска Епархија го организира овој настан

Петар Печков

Педесетина лица од Здружението на лица со церебрална парализа на  Божик присуствуваа на  Божикниот појадок, во Нараодно-црковната кујна во Дворови, настан кој  го организираше Повардарската Епархија на МПЦ-ОА.

Овие лица добија  и новогодишни пакетчиња. Појадокот беше донација од Розе салата, пакетчињата од  Владиката Агатангел а  тортите од Слаткарница Родне. 

На овој начин сакаме  да им го честитаме на овие лица, раѓањето на спасителот Исус Христос, да им даде крепко здравје, да им даде  мир и спокојство а на родителите огромна енергија  за да можат овој тежок крст да го носат  - рече Владиката Агатангел.

Овој Божикен појадок е четврти по ред.  На  настанот свој настап имаше и младинскиот црковен хор Св. Кирил и Методиј под дирегентство на Веселинка Маџарова.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »