речник контакт

Болна менструација (DYSMENORRHOEA)

Болна менструација се јавува кај повеќе од 50 отсто од жените. Се дели на примарна, секундарна и т.н. dysmenorrhoea membranacea. Пишува гинеколог д-р Зоран Јовановски

Петар Печков

Болна менструација се јавува кај повеќе од 50 отсто од жените. Се дели на примарна, секундарна и  т.н. dysmenorrhoea membranacea.

Примарната е без органски причини, без никакви заболувања. Секундарната е последица на болести и органски пореметувања, ендометриоза, аденомиоза, хронични воспалувања во мала карлица, стеснување на грло на матката, цервикални полипи, аномалии во градбата на матката или во нејзината положба.  Dysmenorrhoea membranacea е пореметување на  лупењето и исфрлањето ан слузницата на матката (ендометриумот) во еден акт, при недоволно отворено устие на грлото на матката, што предизвикува грчевити и болни контракции на матката.

Слични болни контракции може д а предизвика  спирала (ИУД). Порано  дисменореата се сметала за психо органска болест. Денес се смета дека  таа е последица на зголемена продукција на простагландини, особено во секреторната лутеинската фаза на менструалниот циклус.  

Зголемената концентрација на  простагландини, предизвикува напнатост во матката, недоволна прокрвеност и засилени контракции. Психичката состојба на жената може значително да влијае не силината на тегобите.  Дисменореата по правило се јавува до две години после првата менструација.  Болките кај примарната дисменореа обично  почнуваат неколку часа пред почетокот на менструацијата и траат од 42 до 72 часа.

Болката е најинтензивна над публичната коска или во лумбалниот дел од кичмата и се шири накај внатрешната страна на надколениците.  Со оваа болка често се јавува мачнина, повраќање, пролив, поретко несвестица.  Болката е во вид на грчеви. За разлика од другите видови на абдоминална болка, дисменореичната се смалува при движење, маса или притисок.   Ако се направи вагинален преглед при дисменореични болки, се наидува на изразена болност на матка, а безболност на јајници и грло на матка. Нема болна осетливост, при палпација на абдомен, ниту дефанс на ѕидот од абдомен.  

Ултразвучниот наод, како и евентуалниот лапароскопски наод се нормални.  Терапијата – енстероидните антиинфламаторни лекови  се лек на избор во лечење нма дисменореата. Тие ја инхибираат синтезата на простагландини а со тао се спречуваат контракциите на матката па се намалува болката. Најчесто  користени се бруфен, кетонал, асприн.  

Изборот на лек се базира на клиничкото искуство, поднесувањето од страна на пациентката и појавата на несакани ефекти.  Со лекувањето се започнува првиот  ден од менструалниот циклус и продолжува уште 48 часа. Кај оние пациентки кај кои тегобите се многу изразени, се започнува со лекување еден до два дена пред почетокот на менструалниот циклус.  

Кај жени со дисменореа кои се сексуално активно, а сакаат контрацептивна  заштита, лек на избор е хормонска контрацепција по што добиваат безболни менструации и сигурна контрацепција. Терапијата може да биде прекината 3 до 6 месеци. Ако има потреба ваква терапија, може да се користи повторно.

Покрај овие лекови се користат во поединечни случаи и натагонисти на калциум - nifedipin, verapamil, или betamimetici(gynipral).  Меѓутоа овие лекови имаат многу  ограничена  употреба во лечењето на дисменореата и се користат како последно средство ако не делуваат другите лекови или ако има контраиндикации за употреба на нестероидни антиинфламаторни лекови или орална контрацепција.  

Од останатие постпки се користат вежби на опуштање и психо терапија, кои делуваат на тој начин што го поправат расположението и депресивните симптоми. Забраната за пушење и алкохол е корисна.  

Различните диететски постапки и медицински терапии се уште  се со непроверен ефект.   Вредноста на лекувањето не е можно да се процени во тек на еден циклус,а туку е потребен период од неколку циклуси (3 до 6). Ако не дојде до подобрување по овој период, особено по примена на орална контрацепција се применуваат сие дијагностички постапки, кои се на располагање за да се прави диференцилана дијагноза од други заболувања. Особено да се дијагностицираат различни гинеколошки заболувања кои можат да дадат секундарна дисменореа. 

Пишува гинеколог д-р Зоран Јовановски  

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »