речник контакт

Бонев трет на Државното првенство во полумаратон

На Кајакарскиот Икас куп, Мирчевски трет во кајак слалом. Футсал екипата на Велес со нов пораз се најде во опасната зона за опстанок во најдоброто друштво

Петар Печков

 Марјан Бонев,  од неодамна  член на АК Велес, го освои третото место на полумаратонот од Државното првенство кое  викендов се трчаше во Скопје.    Патеката во должина од 21  км  тој ја истрча за  1.14.47 со што  стигна до бронзата. На првенството  настапиле и  други велешки тркачи кои се пониско пласирани  од  Бонев.   Кај жените Ангелина Панова од  АК Изгрев го освои  петото место на истата патека.  

Викендов се одржа Кајакарскиот Икас куп на патеката Матка крај Скопје. Во силна меѓународна конкуренција  Борче Мирчевски член на ККК Бабуна беше трет во К-1, додека во Ц-2 велешанецот  Роберт Папазов беше втор.  

 Викендов од велешките  екипи во Првите лиги настапија само членовите на футсал екипата на Велес. Тие со високи 5:0 се поразени од Мал Ајакс во Штип, исто така конкурент во борбата за опстанок. По овој натпревар   Велес е осми со 24 бода пред Црна река која е девета со 22 бода. Токму овие две екипи се сретнуваат за две седмици во директен дуел за опстанок. Деветото место носи разигрување со второпласираниот од Втората  лига. 

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »