речник контакт

Борец Брако во финалето за титулата првак на Македонија

Против тетовска Шкендија велешани ќе се борат за првата титула во клупската историја. И женската екипа на Форшпед е во финалето, кое започнува в сабота.

Петар Печков

Со победата од 3:0 против екипата на АБА Струмица ( 31, 21, 15) екипата на Борец Брако се пласираше во финалето од  разигрувањето за првак на Македонија, откако со 2:1 славеше  по три одиграни натпревари во полуфиналето.

Првиот сет кој траеше 40-тина минути, имаше многу пресврти и пропуштени сет топки о двете екипи, и кој домаќините го добија со 33 :31 го скрши отпорот на струмичани и беше решавачки за победата на велешани. Во вториот домаќините создадоа предност од 13:7 во средината на сетот, која ја сочуваа до крајот за водство од 2:0 а третиот сет беше само формалност, за славје на одбојкарите на Борец Брако.

Ова беше шести натпревар, што во првенството, што во купот, за еден месец на овие две екипи а дури пет доби Борец Брако.

Тие веќе в сабота ја започнуваат борбата за првак на Македонија, со гостување во Тетово, против Шкендија. Овие две екипи пред седум дена се сретнаа во финалето на Купот а победија тетовчани.

Истиот ден, сабота во Скопје започнува и женското финале каде се сретнуваат екипите на Форца и велешки Форшпед. 

И во двете конкуренции се игра на три добиени натпревари веќе следната среда се играат реванш натпреварите во Велес, во салaта Блаже Конески.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »