речник контакт

Борец Брако остана без Купот

Тетовска Шкендија во финалето на одбојкарскиот куп славеше со 3:1 против велешани

Петар Печков

Одбојкарите на Борец Брако се поразени во финалната средба од Купот, од Шкендија од Тетово со 3:1 ( 14,13 -24, 20). Натпреварот се играше во малата сала  на СЦ Борис Трајковски. Лесно  добиените први два сета, беа решавачки за тетовчани да ја добијат средбата.

Така одбојкарите остануваат со еден трофеј од 1994-тата година кога го освои екипата на Борец Универзал промет. Но шанса за поправен велешани ќе имаат ако в среда, успеат на домашен терен да ја совладаат екипата на АБА Струмица, по што би се пласирале во финалето, каде ги чека токму Шкендија.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »