речник контакт

Борец е повторно суперлигаш

Во разигрувањето поразен Текстилец од Штип со 27:23

Петар Печков

Велес доби суперлигаш во ракомет. Екипaта на  ГРК Борец се враќа во најквалитеното друштво, откако   вечерва во Скопје ја победи екипата на Текстилец од Штип со 27:23.

Ова беше разигрuвање за 10-тиот член на Супер лигата а велешани покажаа повеќе и победија. Иако првите 30 минути не јавуvаа добрi вести, штипјани водеа со 13:9, во 40-тата минута  ГРК Борец израмни на 19:19 за потоа во последнтеи 10-тина минути  да поведе со 25:21 а на крајот победи со 27:23.  

Најефикасни во редовите на новиот суперлигаш беа Зоран Стојановски со 9 и Ивица Лазаревски со 8 гола.

За потсетување екипата на Борец беше шампион на Македонија во 1995-та а Купот го освои година порано 1994-та. Така од есен во Велес ќе ги гледаме екипите на Зонимак од Струмица, Пролет Скопје, Радовиш, Прилеп, Охрид, Пелистер, Работнички, Металург 2 и Вардар јуниор....

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »