речник контакт

Бојан 13, Ноне, Синтезис, Ламбе, Паркети... За македонски учесник на Евровизија

Годинашниот избор на Македонската песна за Евровизија ќе се случи на 23-ти февруари во Метрополис арената (Сајмиште) и на него ќе учествуваат 21 пеач.

Петар Печков

Годинашниот избор на Македонската песна за Евровизија ќе се случи на 23-ти февруари во Метрополис арената (Сајмиште) и на него ќе учествуваат 21 пеач. 

Музиката  ќе оди на матрица, а пеачите  ќе пеат во живо. Жирито кое ги селектирало песните е составено од поранешните македонски учесници на Евровизија - Каролина, Мартин Вучиќ, Елена Ристевска.
Музичките стилови се  разновидни од балади, преку техно, денс, поп, рок. Листата на учесници е шарена: Синтезис, Туна, Ноне, Ламбе Алабаковски, Ристо Самарџиев, Нокаут, Соња Тарчуловска, Влатко Илиевски (Морал), Паркети, Елвир Мекиќ, Маја Вукичевиќ, Џокси, Соња Лефкова, триото Тамара-Врчак-Гаџа и дуетот Бојан 13 заедно со албанската пеачка Биг Мама.

Начинот на гласање сеуште не е одреден, ама сигурно е дека ќе има и телевоутинг.

Евросонгот ќе се одржи во Белград  на 22 и 24 мај.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »